Србија и Црна Гора со заедничка туристичка понуда ќе настапуваат на трети пазари

23

turisti

Стопанските комори на Србија и на Црна Гора креираа заедничка туристичка понуда, заеднички производ базиран на специфичното природно и клутурно наследство на двете земји, со цел унапредување на соработката во оваа област, пишува еКапија.

Понудата предвидува поголема препознатливост на регионот, продолжување на туристичката сезона и подобра презентација и пласман на туристичките програми на двете држави на трети пазари.

Заедничкиот производ има широк спектар понуди од морски, планински и бањски туризам, до гастрономија и сè што двете земји го имаат како туристички потенцијал.