Србија ќе добие цикломотел – мотел за велосипедисти

135

1

Во Панчево ќе се гради цикломотел, мотел или хостел за сместување на туристи со велосипеди, кои минуваат по велосипедските рути Еуровело 6 и Еуровело 13, вели градскиот менаџер александар Фаркаш за Дневник.

Фаркаш вели дека се во фаза на идеен проект, којшто ќе биде завршен брзо и ќе ѝ биде претставен на јавноста. Објектот ќе има меѓу 15 и 20 соби, паркинг, ресторан. Некои соби ќе бидат со два или три кревети, а ќе има и хостелски соби, со четири, шест или осум кревети.

Изградбата на цикломотелот ќе се финансира од ИПА и други фондови на ЕУ. Градот ќе учествува со 15%-30% од вкупната вредност.