Србија наскоро треба да добие интернет – берза за биомаса, најави помошник министерот за рударство и енергетика, Милош Бањац.
“Деновиве се работи на детали, за да може за прв пат на едно место да биде прикажана моменталната понуда и побарувачка за биомаса во Србија”, вели Бањац, пишува еКапија.
Според проценките, неискористениот потенцијал на биомаса во Србија изнесува 2,2 милиони тони еквивалент на нафта и поголемиот дел е остаток од земјоделски работи.
Берзата за биомаса е дел од проект во вредност од 30 милиони долари, кој се спроведува во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации.