Србија ќе добие список на лоши директори

20

katanec

До 2015 година, во Србија треба да заживее регистар на сопственици и раководители кои ги упропастиле фирмите, пишува Новости.

Во Србија, сопствениците проблемот со презадолженост на своите фирми често го решаваат така што основаат нова фирма. Новата фирма е чиста, додека старата тоне во долгови и со себе ги повлекува сите оние што работеле со неа. Сите вакви сопственици ќе бидат ставени во регистар, кој ќе биде достапен на почетокот на следната година. За формирање на регистерот веќе има донација од Владата на Норвешка. Предуслов е донесување на нов закон, со кој прецизно ќе се определи точно под кои услови директорите и сопствениците ќе добиваат привремена забрана за основање и раководење на фирми и ќе бидат запишани во овој регистар.

Новости пишува дека Македонија е број еден во Европа по брзината на регистрација на нови фирми. Во Македонија веќе неколку години успешно се попишуваат “лошите” бизнисмени, а забрана да отвораат било каква фирма имаат околу 30.000 луѓе.