Србија ќе има пченица и за извоз

73

Pcenica

Лебното жито засега ветува добар род, а доколку во следните месец дена временските прилики се поволни, Србија ќе има пченица и за извоз, пишува Политика.

Поплавите не однесоа многу од приносот, се смета дека под вода биле меѓу 3% и 4% од вкупно обработливото земјиште. Се очекува просечен род од околу 2,5 милиони тони, кој овозможува цените на пекарските производи да останат исти, односно да нема поскапувања.

“Се очекува род од 2,5 милиони тони, што е на ниво на нашиот повеќегодишен просек со многу добар принос од 4,5 тони по хектар. Со оглед на тоа дека нашите годишни потреби се 1,5 милиони тони, значителна количина ќе остане за извоз”, вели за Политика директорот на Здружението Жита на Србија, Вукосав Саковиќ.

Саковиќ додава дека штетите од поплавите се големи, но не толку за да ја загрозат прехранбената сигурност на земјата. Тој смета дека ќе има доволно и пченка, соја и сончоглед.