Србија ќе извезе дел од храната во земјите од регионот

51

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека Србија во наредните денови ќе извезе прехранбени производи, пишува Екапија.

“Храна и прехранбени артикли имаме повеќе од доволно“, рече тој додавајќи дека земјата има доволно брашно за две години.

“Некои производи ќе бидат извезени, прво во БиХ и Република Српска. Имаме и барање од Северна Македонија и ќе го слушнеме. Ќе се обидеме да го сториме истото со Црна Гора“, рече Вучиќ.
Фото: Pexels