Србија ќе ја тргне за Македонија забраната за извоз на пченица, пченка, брашно, масло за јадење

82

Денеска во Белград, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, имаше работен состанок со потрeтседателот на Владата на Република Србија и министер за земјоделство, Бранислав Недимовиќ. На состанокот е договорено во следните седум до десет дена Република Србија за Северна Македонија да ја тргне забраната за извоз на пченица, пченка, брашно, масло за јадење.

„Во рамки на инструментите што ги овозможува иницијативата „Отворен Балкан”,  со потпретседателот на Владата на Република Србија, Недимовиќ, договоривме во следните 7 до 10 дена Србија за Северна Македонија да ја тргне забраната за извоз на пченица, пченка, брашно, масло за јадење и да  почне испораката за количините коишто се договорени помеѓу економските партнери помеѓу двете земји. Сите договори на нашите економски партнери од сите стопански комори ќе бидат реализирани. За договорените количини ќе биде испратено и писмо од претседателот на Владата на РСМ до премиерката на Р.Србија”, изјави министерот Николовски 

Во изјавата министерот Николовски порача граѓаните да бидат смирени, Северна Македонија ќе има доволно количини од овие стратешки култури.Николовски додаде дека максимално се работи и на изнаоѓање на алтернативни пазари за македонските производи.