Од денеска во Србија со пепелта од термоенергетските објекти ќе можат да се градат автопатишта, аеродромски писти и железничка инфраструктура, изјави српската министерка за градежништво, Зорана Михајловиќ. Михајловиќ истакна дека Србија веќе има 200 милиони тони пепел на депониите, со кои може, на пример, да се изгради автопат долг 2.000 километри, јавува РТС.
Од денеска стапува на сила уредбата за користење на пепелот во изградба на патишта и инфраструктура. Првата делница на која ќе биде испробана употребата на пепел ќе биде на Коридорот 11, во должина од 200 метри.
“На Коридорот 11 изградбата на еден километар автопат во просек чини седум милиони евра, а со користење на пепел ќе се заштедат од 1,4 до 1,8 милиони евра по километар”, нагласи Михајловиќ.