Србија ќе ни помогне со 8.000 вакцини на Pfizer

28

Македонија ќе добие помош од Србија во снабдувањето на вакцини против коронавирусот, рече премиерот Зоран Заев.

Тој ја поздрави одлуката на српскиот претседател Александар Вучиќ за помошта, што според него е добар знак на солидарност.

“Утрово разговарав со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и тој ни понуди помош од 8.000 вакцини од компанијата Pfizer. Ние ја прифативме помошта. Во текот на денешниот ден ќе ги утврдиме деталите и за другите вакцини што ќе добиеме од нашиот северен сосед. Иако Вучиќ сакаше ова да биде донација, сепак се договориме да ги платиме по набавна цена. Првите вакцини ќе бидат за здравствените работници, за семејствата кои имале член позитивен на Ковид-19, хронично болните лица“, изјави денеска Заев.

Потсети дека во тек е постапката на потпишување договор за 800.000 вакцини од Pfizer, кои ќе пристигнат во земјава во текот на оваа година и ќе бидат доволни за 400.000 граѓани. Првите вакцини од оваа компанија се очекуваат веќе во февруари.

Фото: Freepik