Амбасадорот на Србија во Црна Гора, Зоран Бингулац најави скора приватизација на четири хотели – Парк во Будва, Београд, Нафтагас и Шумадија во Бечиќи, кои се во сопственост на српски компании, пишува CdM повикувајќи се на Побједа.
“Во областа на туризмот, се наоѓаме во третиот, завршен појас на приватизација во Србија. На подрачјето на Будва, во план се приватизации на некои од најатрактивните локации”, изјави Бингулац.
Приватизацијата ќе биде ставена на дневен ред на заедничката седница на владите на Србија и Црна Гора закажана во март во Белград.