Српска компанија од Ниш ќе биде прва во регионот и една од малкуте во светот што ќе произведува тестови за коронавирус, пренесува Екапија.
Според претседателот на српската стопанска комора, Марко Чадеж, важно е тоа што домашен производител ќе може да покрие дел од потребите на здравствениот систем за скапи тестови што се увезуваат, а подоцна и да ги извезува на странски пазари.
“Веќе инсталиравме нова линија за производство на имунохемиски тестови на вируси, вклучувајќи го и Ковид-19, а надлежната инспекција на Министерството за здравство ја посети фабриката и ја провери исполнетоста на законските – просторни, кадровски и услуги што се однесуваат на опремата со којашто располагаме… Во наредните две до три недели ќе почнете со производство на 1.500 тестови дневно“, вели Саша Тричковиќ, сопственик на компанијата NeoMedica.
Оваа компанија веќе произведува реагенски и апарати за хематологија, биохемија и анализа на урина, што ги користат лаборатории и болници не само во Србија, туку и во светот.
По завршување на епидемијата, тестовите од оваа фабрика ќе може да се користат и за испитување на голем примерок на популација заради утврдување на услови за вакцинација.
Фото: Pixabay