Србија: Килограм пчелин отров се извезува по цена и до 100.000 долари

47

pcela-cvet-pixabay

Фото: Pixabay

Пчелари во Србија собираат пчелин отров што на светските пазари достигнува цена од 70.000 до 100.000 долари, пишува Блиц.

“Производството на пчелин отров е пионерски потфат. Многу мал број на пчелари го прават ова… Законски не е регулирано ниту производството, ниту прометот со пчелин отров, поради што сме принудени преку Босна и Херцеговина ги испраќаме пакетите со отров во Америка. За 100 грама отров се добиваат околу 7.000 долари“, вели пчеларот Топлица Ѓорѓевиќ.

Најчесто го откупуваат фармацевтски и козметички компании од Америка, а го користат за производство на скапи креми против ботокс, во производство на лекови за кардиоваскуларни и ревматски болести, како и за лекови за повеќе од 40 најтешки видови на автоимуни заболувања.

Процесот на производство на пчелин отров трае околу 45 минути. За да се добие еден грам, неопходни се 15 пчелни семејства, коишто мора да направат 1.000 убоди. Уредот за собирање на овој отров се состои од рамка со жици под коишто се наоѓа стаклена плоча. Уредот се премачкува со мед, за да ги привлече пчелите. Низ жиците поминува струја со напон од девет до 12 вати во траење од пет до шест секунди, потоа се прави пауза од пет до шест секунди и се повторува истиот процес.