Србија: Клиентите може да испратат онлајн приговор до банката

24

Секоја деловна банка во Србија има обврска на својата интернет страница да овозможи пристап за забелешки на клиентите кои се незадоволни од работата на банката, јавува РТС.

Веднаш по приемот на приговорот, банката е должна на корисникот да му го потврди приемот и да одговори на рекламацијата. Слични такви формулари ќе се најдат и на интернет страницата на Народната банка на Србија за заштита на корисници и ќе биде вклучена во решавање на евентуални спорови.

“Банките се должни да обезбедат линк на основа на којшто корисникот може директно да биде префрлен на соодветна страница каде што ќе пополни приговор и ќе го проследи до банката. Исто така, овозможивме корисниците кои користат e – banking и m – banking на основа на овие апликации директно да ги проследат приговорите до банката“, вели Бојан Терзиќ, директор на секторот за заштита на корисници на Народна банка на Србија.

Во текот на минатата година, централната банка на Србија наложила на деловните банки во 26 случаи да го коригираат своето работење, бидејќи не постапиле согласно правилата.