Србија лани остварила суфицит од 1,73 милијарди долари со ЦЕФТА

24

ceftaСрбија во 2013 година во размена со земјите од ЦЕФТА остварила суфицит од 1,73 милијарди долари, што се должи главно на извоз на земјоделски производи, како и разни готови производи, покажуваат податоците на Републичкиот завод за статистика, пренесува Танјуг.

Србија во земјите од ЦЕФТА лани најмногу извезувала житарки, производи од нив, разни видови пијалоци, разни готови производи. Од увозот, најмногу во Србија е увезувано железо и челик, електрична енергија, овошје и зеленчук.

Србија и во 2012 година оствари суфицит во размената со земјите од ЦЕФТА од околу 1,32 милијарди долари.

Регионот на ЦЕФТА е еден од ретките пазари на кои Србија има континуиран суфицит во размената. По пазарот на ЕУ, според учеството во вкупниот извоз на Србија, овој пазар е втор по значење.