Србија лобира за производство на уште еден модел на Fiat во Крагуевац

47

fiat

Во следните неколку дена би требало да се донесе одлука за правење нов модел на fiat во Крагуевац, дознава Новости. Делегација на српската влада треба да замине за Торино да договори изработка на нов модел, кој од производните ленти во Фиат автомобили Србија (ФАС) би можел да излезе уште на почетокот на 2016 година.

Неофицијално, во ФАС би можела да се прави новата панда или некој од новите модели од фамилијата 500, hatchback или wagon sport, пишува Новости.

По пишувањето на Новости, од ФАС засега нема официјални најави.

“Би сакале што побрзо да почне производство на нов модел, но засега, раководството нема официјална најава”, изјави за Танјуг претседателот на синдикалната организација на ФАС, Зоран Марковиќ.

Кога беше потпишан стратешкиот договор во 2008, најавено беше дека производството на новиот модел од А класа, од 200.000 единици годишно, ќе започне 2010 година, а една година подоцна и производство на нов модел од B класа. Меѓутоа, производството на моделот А класа Fiat 500L доцнеше поради економската криза и започна кон средината на 2012 година, пишува Танјуг.

ФАС е заедничка компанија на италијанската компанија Fiat, која има 67% сопственост и државата Србија со 33% сопственички удел. Моделот 500L ексклузивно се произведува во фабриката на ФАС во Крагуевац.