“Србија мора да стане членка на СТО”

41

Србија мора да најде решение кое ќе и овозможи да стане дел од Светската трговска организација (СТО), вели српскиот министер за трговија, Расим Љајиќ и додава дека земјата мора да ја задржи заштитата во поглед на промет со генетски модифицирани организми (ГМО).

Во Србија е на сила забрана за производство на ГМО, но проблематични се одредени критериуми, стандарди и услови кои мораат да ги исполнат земјите за да станат членки на СТО.

Љајиќ потенцира дека СТО и Европската унија се против било какви рестриктивни мерки што се однесува на увоз и извоз на било какви производи, не само на ГМО, но додаде дека интересот на Србија е да биде дел од СТО, но на сила да остане забраната за ГМО.

Светската Трговска Организација е една од најважните институции кои се занимаваат со меѓународните економски врски. СТО има улога во основање и засилување на правилата за патиштата на меѓународната трговија на производи и услуги, како и на либерализацијата на трговијата. Македонија е членка на СТО од 4 април 2003 година. СТО брои 157 членки, меѓу кои се и Албанија, Бугарија, Црна Гора, Хрватска, Словенија, а во јуни 2013 година, членка ќе стане и Босна и Херцеговина.