Србија можеби ќе добие електрана на отпад што ќе произведува струја за 50.000 семејства

23

otpad

Србија е заинтересирана за изградба на електрана што ќе користи отпад како енергенс, пишува Политика.

Со користењето на комуналниот отпад може да се произведе електрична енергија доволна за потребите на 45.000 до 50.000 семејства во Србија.

Количеството на отпад значително се зголемува во Србија како последица од порастот на населението и производството на храна, а со тоа се проширија и депониите за отпад, коишто зафаќаат поголеми површини.

Светска пракса е земјите коишто користат отпад за производство на струја, со цел да ги намалат депониите, да воведат понизок данок за преработувачите на секундарни суровини, бидејќи на тој начин ја штитат животната средина.

Со формирање на регионални депонии, коишто ќе бидат траен извор на струја, би можеле да се вклучат во постоечката електрична мрежа и да ги зголемат резервите на електрична енергија.