Фото: Pixabay
Пазарот на дигитално огласување во Србија минатата година порасна за 24,8%, а вкупната вредност на потрошени пари (ad spend) изнесува 36,8 милиони евра, додека во 2017 година беше на ниво од 29,5 милиони евра, пишува Netokracija.
Овој износ од 36,8 милиони евра претставува 22% од вкупниот износ на пари потрошени на огласување во Србија.
Според резултатите, мобилното огласување бележи зголемување од 45,4% и во текот на 2018 година достигна ниво од 18,91 милиони евра. Најголем има кај онлајн видеата за огласување, каде што е забележан скок од 53% и на којшто се потрошени 5,39 милиони евра.
Огласувањето преку социјалните мрежи, исто така, бележи пораст од 42%, каде што се потрошени 8,1 милиони евра. Најголем дел од 6,8 милиони евра припаѓа на огласување преку Facebook.