Србија на тендерите за јавни набавки ќе им дава предност на домашните компании

28

tenderi

Српскиот министер за економија Душан Вујовиќ најави дека во иднина во јавните набавки предност на тендерите ќе имаат домашните компании во однос на странските, доколку нудат исти услови.

“Сакаме да ги смениме јавните набавки така што домашните компании при еднакви услови ќе имаат предност во однос на странските, а не 15% повисока цена, како што имаат денес. Тоа е нерационално”, изјави Вујовиќ, пишува Б92.

Министерот нагласи дека домашните фирми ќе добијат на тендер ако успеат да понудат исти услови како странските понудувачи.