Србија: Ненаплатливи една петтина од кредитите

20

evraФирмите и граѓаните на банките во Србија не можат да им вратат преку 3,5 милијарди евра, односно една петтина од одобрените заеми, покажуваат последните податоци на Народна банка на Србија. Од овој износ, претпријатијата не се во состојба да вратат 2,88 милијарди евра. Граѓаните, претприемачите и земјоделците, сите ставени во една категорија, околу 140.000 корисници, не можат да им вратат на банките околу 611 милиони евра кредити. Банките кај населението активирале 500 хипотеки.

Според податоците на НБС, 350 милиони евра ненаплатливи заеми банките им ги продале на други фирми.