Србија објави јавен повик за приватизација на 11 медиуми, меѓу нив и Танјуг

42

tanjug

Српската Агенција за приватизација вчера објави јавен повик за собирање писма за заинтересирани за учество во приватизација на 11 медиуми во земјата. Меѓу нив е и новинската агенција Танјуг.

Рокот за доставување на писмата е 3 ноември 2014 година, а рокот за приватизација на медиумите е 1 јули 2015 година, јавуваат српските медиуми.

Покрај податоците за инвеститорот и фирмата за која се искажува интерес, писмата треба да содржат информации за намерата за приватизација – рамковна инвестициска програма, план на активности и слично.

За медиумите што нема да бидат приватизирани до 1 јули 2015 година предвиден е пренос на капиталот на вработените во вид на бесплатни акции. Доколку вработените не прифатат пренос на бесплатни акции, медиумот престанува да постои и се брише од Регистарот.