Србија очекува Македонија да ја повлече одлуката за пченицата до 15 август

44

92F81A88E95A9743BFE053C525A5049DВладата на Србија ќе чека најдоцна до 15 август да види дали Македонија ќе ја укине одредбата за ограничување на увоз на пченица и брашно од Србија. Доколку тоа не се случи ќе бидат преземени контрамерки за да се заштитат домашните призводители.

Ова го изјави Бојана Тодоровиќ, помошник-министер за трговија за српскиот весник Данас.

“Сите земји на ЦЕФТА донесоа став дека Македонија мора да ја укине мерката која е спротивна со договорот. На Скопје не му беше даден формален термин во кој уредбата треба да биде повлечена, но со оглед дека одлуката е донесена пред еден месец, се очекува Македонија да ја укине до 15 август. Ќе почекаме да видиме дали ќе дојде до тоа и дотогаш нема ништо да превземеме. Со оглед дека се работи за земјоделски производи, ресорното министерство е надлежно да одреди какви мерки треба да превземе по принципот на реципроцитет”, изјави Тодоровиќ.

Oд друга страна министерот за земјоделие Љупчо Димовски изјавува дека конкретни датуми за повлекување на одлуката нема. Министертвото и Владата ќе одлучат кога ќе се повлече одлуката во зависност од тоа кога ќе се стабилизира домашниот пазар.

Неодамнешната изјави на Димовски потврди дека единствено кога домашните производители ќе бидат доволно заштитени од српскиот увоз тогаш ќе се повлече и одлуката.