Србија од извоз на ИТ услуги заработи 1,5 милијарди евра

48

Србија во текот на минатата година извезла ИТ дигитални услуги во вредност од 1,5 милијарди евра, соопшти тамошниот министер за иновации и технолошки развој, Ненад Поповиќ.

Според тамошните медиуми, тој најави отворање на ново поглавје во развојот на српскиот иновативен еко систем, а тоа е развој на пазар на ризичен капитал што ќе обезбеди поголем обем на финансии за стартапи и иновативни компании.

“Покрај тоа што ги обезбедуваат потребните финансии, фондовите за ризичен капитал им помагаат на компаниите во коишто инвестираат и на други начини, како што е поврзување со партнери или ментори“, вели Поповиќ.

Фото: Pexels