Србија одлучи – Телеком не се продава

34

Telekom-Srbija-580x388

Телеком Србија останува во раце на државата. Одлуката на Владата беше едногласна, како и на Комисијата за приватизација на Телеком. Не добивме задоволителна цена и сега ни преостанува да ја реорганизираме компанијата за да може да победува на пазарот. Ова вчера го изјави премиерот на Србија, Александар Вучиќ, јавува РТС.

Вучиќ потсети дека во процесот на приватизација пристигнале шест обврзувачки понуди. Владата не сакала да се коцка, иако понудената цена била близу до задоволителната. Вучиќ се надева дека за четири години Телекомот ќе ги зголеми своите перформанси и подоцна цената на операторот реално ќе биде поголема од онаа што сега е понудена.

Најголем акционер на Телекомот е државата Србија со 58,11% акции, 20% акции се во сопственост на компанијата, 14,95% поседуваат граѓаните, а 6,94% вработените и поранешни вработени во фирмата.

Последниот обид на српската влада да го продаде операторот не успеа во 2011 година, откако како премногу ниска, ја отфрли понудата од 1,1 милијарди евра од Телеком Австрија за 51%.