Србија подготвува закон за вишок храна – системски ќе се собираат продукти за најсиромашните

20

frlena-hrana-580x387

До крајот на годината се очекува Србија да усвои Закон за вишок храна, со кој државата ќе дава гаранции за донирање храна којашто премногу се фрла. Овој закон треба да ги мотивира компаниите, рестораните, пекарите и другите што имаат храна, да го поделат вишокот со најзагрозеното население во Србија, пишува Дневник.

Законот за вишок храна треба да има предвидени субвенции за компаниите што донираат намирници, па се размислува да бидат ослободени од дел од данокот кога е во прашање храната што ја донираат. Законот треба да дефинира правила коишто би спречиле храната наменета за најсиромашните да се појави на пазарот и да се насочи онаму каде што е најпотребна, а тоа може да се реши доколку се направи социјална карта на населението.

Се проценува дека годишно во Србија се фрла околу 250.000 тони храна, додека 9% од населението не може да ги намири основните животни потреби, а 26% се на раб на сиромаштија.