Србија: Преку crowdfunding собрани над 650.000 долари до средината на 2016-та година

14

lap-top-i-tel-pixabay

Во Србија преку глобалните платформи за групно финансирање, Kickstarter и Indiegogo, до средината на минатата година се собрани вкупно 653.134 долари, покажува анализата на Crowdfunding.rs.

Податоците покажуваат дека од вкупно 570, само 41 кампања или 7,2% биле успешно завршени. Од вкупниот број на претставени проекти, најголем дел (32%) се од областа на уметноста. На Indiegogo, според анализата, процентот на успешност на проектите е 3%, додека на Kickstarter се регистрирани 37% целосно финансирани проекти.

Од 2012 година наваму, бројот на crowdfunding кампањи порасна за 400%.

“За само четири години, од 2012 до 2016 година, бројот на crowdfunding кампањи во Србија се зголеми за повеќе од 400% – од 28 на 143 кампањи. Сепак, годишниот раст се намалува, така што порастот од 2012 на 2013 година изнесуваше 100%, а од 2015 до 2016 година само 12%“, покажува анализата.

Минатата година, бројот на поддржувачи на проекти од Србија изнесуваше 3.148, што е 0,03% од вкупното население во земјата.

Crowdfunding претставува групно финансирање на одреден проект преку онлајн платформа.