Србија преку Отворен Балкан добива 2.200 нови работници – најмногу од Македонија

23

Преку идентификациони картици во рамки на иницијативата Отворен Балкан досега се пријавиле 2.200 лица кои сакаат да работат во Белград и остатокот од Србија.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека Србија има проблем со работната сила и дека токму поради тоа е добро што се направени легитимации како дел од иницијативата Отворен Балкан.

Најголем дел од заинтересираните се од Северна Македонија. На ист начин, неколку стотици наши луѓе се пријавиле да заминат на други места, но приливот на работници во Србија преку Отворениот Балкан е многу поголем од одливот, пишува агенцијата Бета.

Да потсетиме, единствениот пазар на труд на Отворен Балкан, чии членки се Србија, Албанија и  Македонија, започна со работа на 1 март, додека неколку дена подоцна електронските услуги станаа достапни за граѓаните на овие земји како дел од оваа иницијатива на порталот за е-Влада.

Фото: Freepik