Србија: Прво закони, па кредит од Светска банка

21

SBУсвојување на законот за приватизација, стечај и градежни дозволи до крајот на годината е услов Србија да добие кредит од 250 милиони долари од Светска банка, изјави директорот на СБ во Србија, Тони Верхејнен, јавува Танјуг.

Верхејнен во интервју за РТС истакнал дека меѓу Србија и СБ никогаш немало несогласувања, особено не во реформите што треба да ги поддржи овој кредит.
“Разговаравме за претпријатијата во реструктуирање и за четирите закони што треба да се усвојат. Усвојувањето на три закони (закони за приватизација, стечај и градежни дозволи) се наш услов за одобрување на кредит, но тие се важни и за владата. Четвртиот закон за труд не е наш услов, но ќе биде добро ако и тој многу брзо се промени”, изјавил Верхејнен за РТС по разговорите со потпретседателот на српската влада, Александар Вучиќ.
Според Верхејнен, со тоа ќе се ослободат средства што не се користат продуктивно, а кои отвораат можност за раст и нови работни места.