Србија: Расте бројот на новоосновани компании во 2019 година

27

Во Србија минатата година биле основани повеќе од 46.000 деловни субјекти, што е за 3,82% повеќе, додека кај претприемачите има пад од 1,22% во однос на 2018-та година, покажуваат официјалните податоци.

Најмногу фирми се регистрирани за неспецијализирана трговија на големо, изградба на (не)станбени згради, програмирање, консултантски услуги. Отворени биле и ресторани и кафулиња, фризерски и козметички салони.

Во првиот ден од оваа година, во Србија се регистрирани 119.557 компании и 271.210 претприемачи. Податоците покажуваат дека од вкупниот број регистрирани фирми, по електронски пат се основани 359 компании и 2.031 претприемач. Како што пренесува српски Дневник, бројот на основани компании во земјата е зголемен за 11,94%, а кај бројот на претприемачи има зголемување за 11,14%.

Фото: Pexels