Србија размислува да одгледува трска за производство на струја како замена за јаглен

48

trska

Електростопанство Србија (ЕПС) распиша конкурс со кој сака да испита дали е можно во Србија да се одгледува растение кое би го заменило јагленот во производството на струја. ЕПС ќе ја тестира можноста за размножување на miscanthus giganteus (трска), а причина за тоа е што Европа е се позаинтересирана за оваа хибридна трева, која во изминатите пет до десет години ја форсира како нов извор на биогориво, пишува Блиц.

“Во Србија за производство на струја се трошат околу 30 милиони тони јаглен годишно. Од овој извор може да се обезбеди околу 10% замена за јагленот”, велат од ЕПС.

Miscanthus giganteus потекнува од источна Азија и може да порасне преку три метри. Во Европа е донесена на почетокот на триесетите години минатиот век. Насади од ова растение има во Полска, Велика Британија, Германија и Турција. Во Србија досега не се спроведувани сериозни истражувања од оваа област. Можностите за одгледување практично се непознати, но искуството на ЕУ покажува дека на големи површини може да се очекува просечен принос од околу 10 тони по хектар.