Србија: Систем за наводнување преку СМС порака

19

sms

Студентот на Факултетот за технички науки во Србија, Лазар Јовановиќ од Нови Сад, осмисли иновативен начин за наводнување преку СМС порака, пишува Al Jazeera Balkans.

Тој живее и работи во Нови Сад, а истовремено одгледува лешници во своето родно место оддалечено 150 километри. Еднаш во месецот заминува во Мал Зворник за да провери дали сè функционира во најдобар ред, додека остатокот од времето за тоа е задолжен неговиот систем, којшто се контролира со СМС порака.

“Испратив СМС порака до системот, којшто во рамки на содржината на пораката, соодветно реагира. Ги вклучи првите два вентила коишто ќе наводнуваат во следните два часа“, објаснува тој.

Следниот чекор е создавање на целосно автоматизиран систем, којшто автономно ќе го одредува потребното количество на вода.