Србија со програми за оправување на загубарите Галеника, ЈАТ и Србијагас

22

Државните загубари во Србија останаа без пари, но со нова шанса. За фармацевтската компанија Галеника се подготвува посебна програма за опоравување, а за националниот авиопревозник ЈАТ се формира посебен тим кој ќе смислува како да ја постави компанијата на нозе.

Планот за работа на трите големи државни фирми Јат, Србијагас и Галеника за следната година нема да биде базиран на основа на приход од кредитните линии за кои гарантира државата, пишува Новости.

За Галеника се подготвува посебен план со кој ќе се заживува компанијата. Планот е со посебни мерки да се зачува домашното производство на лекови и да се заштити домашната фармацевтска индустрија. Засега не се планира продажба на оваа фирма.

Според неофицијални пресметки, Србијагас до сега има долг од околу 800 милиони евра. Оваа компанија и годинава своите приходи ќе ги покрива со краткорочни задолжувања, за кои согласност даде и српското Собрание. Вредноста на разните комерцијални кредити од банките наменети исклучиво за одржување на тековна ликвидност изнесува околу 190 милиони евра.

За ЈАТ планот за опоравување ќе биде донесен до крајот на оваа година. На почетокот на ноември владата треба да формира посебен тим кој ќе осмисли конкретни чекори за поставување на овој национален авиопревозник на нозе, а потоа и потрага за стратешки партнер.