Србија со Стратегија за решавање на проблематичните кредити

22

paricki

Владата на Србија минатата недела усвои Стратегија за решавање на проблематичните кредити. Поради тоа што високото и растечко ниво на проблематични кредити се повеќе го оптоварува банкарскиот сектор и ги ограничува кредитната активност и развој на српската економија, усвоената Стратегија ќе им овозможи на надлежните институции да преземат бројни активности за да се процени капацитетот на банките за решавање на проблематичните кредити, да создадат услови за развој на пазарот и да ги унапредат механизмите за решавање на корпоративниот долг по судски пат.

Стратегијата за решавање проблематични кредити подразбира унапредување на супервизијата на банките, банките сами да објавуваат податоци за лошите кредити и подобра процена на вредноста на недвижностите под хипотека, велат од Народна банка на Србија (НБС) за Танјуг.

НБС наведува дека очекува Стратегијата да даде резултати што позитивно ќе се одразат на кредитната активност и економскиот раст. Банката нагласува дека и покрај кризата, банкарскиот сектор во Србија остана високо капитализиран и ликвиден и проблематичните кредити не ја загрозуваат стабилноста на финансискиот сектор.