Србија: Странски компании за девет месеци изнеле 706 милиони евра

28

Странските компании, во текот на деветте месеци од оваа година, од Србија изнеле 705,9 милиони евра од остварените добивки, пренесуваат тамошните медиуми.

Според податоците, станува збор за 43% од нивната добивка што ја оствариле во земјата.

Во периодот јануари – септември оваа година, компании и банки во странска сопственост што работат во Србија, заработиле повеќе од 1,6 милијарди евра. По основ на дивиденда во матичните земји се изнесени скоро 710 милиони евра. Во исто време, како што се наведува, во Србија се инвестирани 919 милиони евра, што е околу 56% од нивната чиста добивка.

Во Србија во овој момент има над 2.000 компании, чии основачи се од Словенија, над 1.600 компании од Хрватска и Унгарија. Околу 900 компании имаат матични седишта во Турција, додека на сопственици од Романија има околу 450 компании.

Најголемиот дел од нив се занимаваат со трговија, угостителство, градежништво, производство на текстил, консултантски услуги.

Фото: Pexels