Србија: Трговците ќе мораат да ги заменуваат неисправните производи

29

srОд крајот на јуни, кога се очекува да стапи на сила новиот закон за потрошувачи во Србија, продавачите ќе мораат да им ја заменат стоката на потрошувачите за која ќе се утврди дека е неисправна. Доколку купениот производ се расипе во првите шест месеци, потрошувачот ќе може да бира дали сака поправка, замена или да му ги вратат парите, пишува српски Блиц.

Со новиот предлог закон, на пазарната инспекција и се враќа можноста да ги казнува трговците.

Со новиот закон ќе биде забрането и огласување преку телефон или електронска пошта без претходна согласност на потрошувачот, како и наметливо однесување на трговците.