Резултатите од геолошките истражувања на американската рударска компанија Freeport McMoRan, во околината на Бор се одлични, изјави српскиот министер за рударство, Александар Антиќ, пишува Екапија.
Станува збор за значајно наоѓалиште што, според него, би можело да биде од светска класа.
Тој не сакал да ги коментира податоците што се појавуваат во медиумите, но додал дека истражувањата даваат одлични резултати.