Србија за една година планира да ги зголеми златните резерви на 50 тони

25

Фото: Pixabay

Србија своите резерви на злато од постоечките 20 тони, до крајот на оваа година ќе ги зголеми на 30, а во наредната година до година ипол, на 50 тони, пишува Вечерњи новости.

Оваа динамика, како што се наведува, е утврдена по состанокот на српските власти со делегација на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Во овој момент, земјата располага со 20 тони злато во вредност од 767 милиони евра.

Земји во светот што имаат најголеми резерви на злато се: САД со над 8.100 тони, Германија со околу 3.360 тони и Франција со над 2.430 тони.

Од земјите во регионот, најмногу златни резерви има Грција со околу 113 тони, додека Македонија има околу седум тони злато.