ЈП Србијагас планира да подигне 200 милиони евра заем со државна гаранција за зголемуваење на ликвидноста и финансирање на изведбата на српскиот дел од гасоводот Јужен тек, пренесуваат медиумите.
Србијагас ќе позајми 100 милиони евра од Credit Suisse Group, од Војводинска банка и огранок на италијанси Уникредит со седиште во Белград по 20 милиони евра, а преостанатите 60 милиони евра ќе ги земе од Дојче банка со седиште во Лондон, стои во предлог законот што српската влада го упати во парламентарна процедура.
Србијагас веќе се задолжи 190 милиони евра во ноември кај седум банки за потребите за одржување на ликвидноста.