Поради поевтиниот ПЦР тест во Македонија, многу српски туристи кои патуваат во Грција претпочитаат да бидат тестирани во нашата нашата земја. ПЦР тестот во лабораториите во земјава чини 35 евра, семејствата имаат попуст, додека за ВИП-тестот треба да се плати 70 евра, но резултатот пристигнува за помалку од еден час, пишува српска Политика.
Тестирањето во Србија чини 9.000 динари (76 евра) по лице, што е голем трошок за семејство во кое на пример, никој не е вакциниран.
Затоа, деновиве социјалните мрежи се преплавени со реклами за сместување и поевтино тестирање во, каде како што пишуваат српските медиуми веќе е развиен сериозен медицински туризам.
Српските граѓани исто така се тестираат и во Бугарија каде ПЦР тестот чини 40 евра.
Тамара Ранчиќ од Здружението Грција од прва рака вели дека Грците не прават проблем за тоа каде биле тестирани патниците.
“Важно е тестот да не биде постар од 72 часа, што значи дека не мора да се прави во матичната земја“, изјавила Ранчиќ.
Фото: Freepik











