Средба на бизнисмени во Велес

45

Компании од областа на финансиите, сметководството, агро секторот и текстилната индустрија денеска во Велес ќе разговараат за состојбите и потребите на бизнисмените од оваа општина.

Средбата ја организира Сојузот на стопански комори на Македонија во соработка со општина Велес, а на неа ќе присуствуваат претседателката на ССК, Данела Арсовска и велешкиот градоначалник Славчо Чадиев.

Во Велес ќе биде отворена и регионална канцеларија на ССК во која бизнисмените од овој град ќе добиваат информации за најновите случувања, законски измени и обуки поврзани со стопанството.