Средба на Димовски со босанскиот министер за надворешна трговија и економски односи

39

Ljupco_Dimovski0301_gМинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски се сретна со министерот за надворешна трговија и економски односи на Босна и Херцеговина, Мирко Шаровиќ.

На средбата се дискутираше за потпишување на меѓудржавен протокол со цел да се поедностави трговијата меѓу двете земји и да се усогласат процедурите за увоз-извоз.

Последниве две години Босна и Херцеговина претседава со ЦЕФТА и двајцата министри разговараа за можните последици за земјите членки на ЦЕФТА од влезот на Хрватска во Европската Унија.