Средба со жирито – награда за социјално претприемништво во ХАБ Скопје

27

13051675_10207605231222772_6033232348596244876_n

Тимот на Наградата за социјално претприемништво го најавува настанот Средба со жирито. Настанот ќе се одржи на 20.04.2016 година (среда) од 12:00 до 14:30 часот во ХАБ Скопје (ул. Загребска бр. 28- В).

На настанот сите заинтересирани млади луѓе ќе имаат можност да се запознаат со членовите на стручното жири и да поразговараат за своите идеи за социјален бизнис. Во неколку минути тимовите кои сакаат да аплицираат на Наградата за социјално претприемништво ќе имаат можност да ја презентираат својата идеја за социјален бизнис на различните членови на жирито и да добијат конкретни насоки за нејзино подобрување.

Рокот за пријавување на идеите истекува на 27-ми април 2016 година и истите можете да се пријават на следниот линк: http://socialimpactaward.mk/prijava/.