Средношколци создадоа уред што може да спречи шумски пожар

21

Фото: Pixabay

Сањана Шах и нејзиниот соученик Адитија Шах развиваат уред што може да помогне во предвидување и спречување на шумски пожари, пишува Business Insider.

Уредот го носи името Smart wildfire sensor и има за цел да ги покрива шумските области што се најмногу изложени на пожари.

Smart wildfire sensor, сè уште е во бета фаза, работи на тој начин што прави фотографии од паднати гранки и лисја (познати како “гориво“) и користи посебен начин да се категоризира нивото на закана од евентуален пожар. Постојат вкупно 13 категории на закани, а овие тинејџери ја користат алатката TensorFlow на Google за процесирање и категоризирање на направените фотографии.

Доколку постои висок степен на ризик, односно се достигне одредено ниво на опасност, најблиските пожарникарски служби добиваат соодветен аларм.