
Средното електро техничко училиште, Михајло Пупин, доби фотонапонска електрана со инсталирана моќност од 12 киловати.
Оваа електрана, освен практична примена, ќе овозможи и стекнување практични знаења и искуство на учениците за тоа како функционираат обновливите извори на енергија.
Идејата за овој проект доаѓа од учениците во училиштето, а доби финансиска поддршка од Фондот за иновации и технолошки развој, како и од градот Скопје.
Фотонапонската електрана е со инсталирана моќност од 12 киловати, покрива околу 80% од потрошувачката на енергија на училиштето, а дел од финансиските средства и иницијалната идеја се поддржани и обезбедени преку грант од Фондот за иновации и технолошки развој во висина од 270.000 денари.
Фото: Pixabay