Средствата за корпоративни подароци ОКТА ги пренамени за хуманитарни цели

23

okta

Во екот на предновогодишните корпоративни забави, компанијата ОКТА средствата наменети за прослави и подароци за своите деловни партнери и соработници ги пренамени за хуманитарни цели.

Ова е веќе втора година по ред како ОКТА ја применува истата практика и во фокусот на своите приоритети ја става грижата за граѓаните што имаат потреба од помош, како и за заедницата во целост.

Компанијата само во последниот месец имаше две донации, интерактивни табли за училиштата Иднина и Златан Сремец и велосипеди за децата од СОС Детско село. Со последнава иницијатива, ОКТА ја завршува годината насочувајќи го своето внимание кон потребите на различни групи и сегменти на заедницата.