Среќен 40-ти роденден Вокмен

466

Фото: Pixabay

Јапонскиот технолошки гигант Sony на први јули 1979 година го лансираше првиот син и сребрен Walkman TPS-L2 во Јапонија, по цена од околу 150 тогашни американски долари. Една година подоцна, култниот вокмен дојде и на пазарот во САД.

На почетокот на 1979 година, претседателот на Sony, Акио Морита, имаше состанок со млади инженери и познати лица да го прикаже прототипот што ветува многу. Станало збор за модифицирана верзија на компактен рекордер на касети што го користеле новинарите за снимање на изјави, под името Sony Pressman.

“Овој производ ќе им годи на сите млади луѓе кои сакаат да слушаат музика по цел ден. Тие ќе го земат насекаде со себе… доколку ставиме репродукција само на стерео слушалки на пазарот, што ќе биде вистински хит“, додаде тој.

Вокменот, којшто е пренослив касетофон, на генерациите од 80-тите и 90-тите години на минатиот век, им овозможи да ја слушаат омилената музика каде и да се наоѓаат.

Овој уред беше синоним за преносен музички плеер, којшто ја преживеа и ерата на познатите ЦД-а, но продажбата почна да се намалува на почетокот на новиот милениум, кога почнаа да се појавуваат уреди од новото време.

На Интернет има интересни видеа кои покажуваат како денешните генерации реагираат на овој револуционерен уред. 😊