Среќните луѓе се попродуктивни

13

kafe

Фото: Pixabay

Среќните луѓе сработуваат повеќе и сработуваат подобро од другите. Студијата на Универзитетот Варвик во Британија спроведена 2015 година покажа дека среќните луѓе се 12% попродуктивни од просечните луѓе.

На еден дел од луѓето што учествувале во студијата им биле прикажувани смешни клипчиња, им биле давани бесплатни чоколади, пиење, овошје, додека на другиот дел им биле поставувани прашања за неодамнешни трагедии во семејството, за да видат каква улога играат емоциите во продуктивноста.

Затоа, не е важно само да ја сакате работата што ја работите, туку треба да работите нешто што ве прави среќни. Од друга страна, компаниите треба повеќе да инвестираат во среќата на вработените – на крајот на денот, усреќувањето на вработените се исплати.