Српска АИК Банка ја презеде словенечка Горењска банка

43

Фото: Facebook

Српската АИК Банка ја заврши постапката за преземање на мнозинскиот пакет на акции на словенечката Горењска банка, пишува Dnevnik.si.

Со ова, АИК Банка поседува 90,11% од акциите на словенечката банка, со што стана нејзин нов сопственик.

“АИК Банка, како стратешки инвеститори, ќе го поддржува развојот на Горењска банка во силна регионална банка присутна на целиот пазар во Словенија“, изјави Јелена Галиќ, претседателка на Извршниот одбор на АИК Банка и претседателка на Надзорниот одбор на Горењска банка.

Соработката на двете банки ќе понуди меѓусебна размена на иновации, технологија, искуство во процесот на дигитализација и солидна база на клиенти.

Со финализирање на постапката, комитентите без провизија може да ги користат банкоматите на двете банки во Словенија и во Србија.

АИК Банка е во сопственост на српскиот бизнисмен Миодраг Костиќ.