Српска CarGo од април достапна за жителите на Виена

30

Српската софтверска компанија CarGo, за споделување превоз, слично на Uber, го проширува работењето, па нејзината апликација на крајот на април ќе биде достапна за граѓаните на Виена, пишува Бета.

Директорот на компанијата, Вук Губериниќ, потпиша договор за соработка со партнери од Австрија, со што CarGo го проширува својот бизнис на пазарите во западна Европа. Од декември минатата година, оваа услуга е достапна за жителите на Цирих.

“Компанијата CarGo ќе се најде рамо до рамо со светски познатиот бренд Uber и ќе стане една од ретките српски компании што инвестираат и во земји од ЕУ“, изјави Губериниќ.

 

 

 

Фото: CarGo