Српска иновација – брашно од грав за брз и вкусен ручек

101

gravce

Брашно од грав е иновација на српскиот пронаоѓач Јован Стојановиќ. Тој осмисли начин за правење инстант грав, чија подготовка е значителна пократка, пишува РТВ Бор.

За да се добие брашното од грав, прво се прават брикети, коишто се добиваат од мелење на гравот на одредена температура во посебна машина. Преку овој процес се истиснува водата и гасовите што ги содржи гравот. Потоа, изладените брикети се мелат и на тој начин се добива брашното.

“Идејата ја добив пред две години на саем за иновации. Сакав да направам производ што го нема на нашиот пазар, а колку што знам и на светскиот. Најголема предност е поголемата хранлива вредност на гравот, бидејќи протеините, коишто со класичниот метод на подготовка се губат, на овој начин се задржуваат. Брзата подготовка е уште една предност. Доволно е 100 грама брашно да се стават во литар студена вода, да се вари 25 до 30 минути и ручекот за три лица е готов“, вели Стојановиќ.

Ова брашно од грав е похранливо од класичниот грав и не им создава проблеми на луѓето со чувствителен стомак. Може да се користи и како додаток за подготовка на други видови на јадења.